Балкан
7. October 2016 - 13:41

Балканот се тресе: Утрово земјотреси во многу држави

Нови земјотреси утринава на Балканот. Земјотрес од 3,5 степени според Рихтер ја стресе Грција, а исто така регистрирани се неколку потреси во Турција, со интензитет од 2,5 степени.

Регистриран е земјотрес и во Италија со магнитуда од 2,8 степени.

Силен змејотрес пред со магнитуда од 4,5 степени пред неколку часа ги стресе Хрватска и Босна, а беше почуствуван и во Србија.

Во Македонија тлото деновиве мирува. Се надеваме дека ќе има и понатаму мирни денови.

Последниот земјотрес се случи пред три дена со магнитува од 3,1 степени.