Бизнис
6. July 2016 - 15:38

„Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ ја предаде документацијата до КХВ

Компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ соопшти дека во понеделникот официјално до Комисијата за хартии од вредност го поднела барањето за издавање на дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“.

Во поднесената документација, како што информира компанијата, се наоѓа и понудата и проспектот за преземање, како и сите останати документи кои служат за верификација на податоците во процесот.

- Според член 31 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата, се наведува во соопштението од компанијата.

„Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ на 9 јуни објави намера за преземање на „Макпетрол“ со што ја започна процедурата за преземање на компанијата.