Бали - бег толку блиску, а далеку од нас
Познатиот турски актер Бурак Озџивит, познат по улогата на Бали-бег во турската серија „Сулејман Величествениот“ слета на аеродромот во Приштина и тргна на пат кон Нови Пазар каде во 19 часот ќе присуствува на премиерата на филмот „Мојот брат“.
Актерот на Истаграм објави и селфи од авионот, покрај кое напиша: „Тргнавме на пат, стигнуваме“.
Инаку, градот е подготвен да го угости миленикот на жените ширум светот. Нови Пазар е излепен со негови постери, покрај кои фановите секојдневно се сликаат. Поради премиерата на филмот „мојот брат“, во кој Бурак ја игра главната улога, центарот на градот ќе биде затворен за сообраќај.
Актерот по приемот во Градската управа ќе се прошета по црвениот килм до Културниот центар каде ќе биде прикажан неговиот најнов филм. Тука ќе се фотографира со фановите кои не можеле да дојдат до карта за премиерата.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024