Балетски уметници од МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Балетски уметници од Македонската опера и балет денеска и утре во Љубљана ќе учествуваат на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“.
Како што соопшти МОБ, денеска е предвидена конференција на балетските раководители на ансамблите од Љубљана, Белград, Загреб, Сплит, Сараево, Марибор и Скопје, на која излагање ќе има и уметничкиот раководител на балетот на МОБ, Олга Панго.
Во програмскиот дел утре ќе настапат првенците на балетот на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, кои ќе изведат дует од балетот „Клеопатра“, во кореографија на Василиј Медведев од Русија и па де де од балетот „Самсон и Далила“, во кореографија на Роналд Савковиќ. Предвидени се и настапи на балетски уметници од балетските ансамбли од центрите на поранешна Југославија поканети на манифестацијата.
Програмскиот дел ќе се одржи на сцената на Словенското народно гледалишче-Опера и балет во Љубљана.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца