Македонија
21. September 2016 - 8:28

Балетски перформанс „Филм“ во МОБ

На малата сцена во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот перформанс „Филм” по идеја и кореографија на Саша Евтимова.

- Идејата на кореографката Евтимова е универзална порака за љубов. Својата идеја таа ја базира на пораката: „Забораваме на насмевки, љубезност, великодушност, хуманост, забораваме вистински да уживаме во животот, забораваме дека многу малку ни е потребно за да бидеме среќни. Нашиот живот се изразува како резултат на нашите доминантни мисли. Љубов...Тоа е тајната. Доколку повеќе се сакаме едни со други, толку многу повеќе проблеми би решиле.Тогаш светот би бил навистина убав“, информира МОБ. 

Во перформансот учествуваат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Марина Анастасовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Мирослав Митрашиновиќ и Агим Бафтии.