Балкан
6. August 2019 - 8:49

Бала: Изборите на 30 јуни се завршена работа,следни се парламентарните во 2021 година

Албанските владеачки социјалисти го кажаа нивниот категоричен став дека локалните избори се спроведени на 30 јуни и поради тоа не доаѓа во предвид спроведување избори на 13 октомври.

Генералниот секретар на Социјалистичката партија,Таулант Бала, по доставувањето на барањата до Централната изборна комисија (ЦИК) за ригстрација за учество на изборите на 13 октомври, според последната уредба на претседателот Илир Мета од страна на три партии од обединетата опозицијата, изјави дека нема коментар за „нерешелвите маки на опозицијата“.

-Изборите на 30 јуни беа важен момент кога победи граѓанството, победи владеењето на правото, победи Уставот на земјата и мислам дека не треба да го правиме уште посмешно однесувањето на опозицијата. Не би сакал да го коментирам она за што вие информирате, зашто изборите на 30 јуни се спровдоа, тоа прашање заврши. Избраните, без разлика дали се градоначалници или членови на општинските совети, веќе ги презедоа функциите. Затоа, немам коментар за нерешливите маки на опозицијата, изјави Бала.

Порача дека следното изборно соочување ќе биде на редовните парламентарни избори во 2021 година, за кога има „подадена рака за соработка, пред се со опозицијата во парламентот“.

-Она што сакам да ви кажам е дека нашата рака е подадена за соработка, пред се, со опозицијата во парламентот, за целосно решавање на препораките на на ОБСЕ-ОДИХР, но и на Советот на Европа, во врска со сеопфатната изборна реформа.Тоа со цел парламентарните избори во 2021 година да се спроведат со изборен законик кој ќе ги опфати сите препораки од последните три избори процеси, рече Бала.

Изјавата на Бала следува откако Демократската партија(ПД) излезе со став дека единствен акт кој е во сила, според Уставот, а во врска со локалните избори, е уредбата на претседателот Илир Мета.

Партијата потенцира дека обврска на ЦИК и другите државни институции е да ги направат сите потребни подготовки за овие избори, што според уредбата треба да се одржат на 13 октомври.

Посочи дека непочитувањето на уредбата ќе значи дека ЦИК е во служба на нелегалната власт на Еди Рама и јасна потврда дека „Рама на незаконски начин ги конролира и ЦИК и другите институции“.

Вчера, кога беше крајниот рок ,според уредбата на Мета, политичките партии да се регистрираат за локалните избори за 13 октомври, до ЦИК барање да бидат регисгрирани за изборите, доставија Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, Републиканската партија на Фатмир Медиу и Аграрната партија на Агрон Дука,што се дел од обеднетата албанска опозиција.