Македонија
16. December 2018 - 12:12

Бакрачески со емтоивна порака по повод смртта на Стојаноски: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“

Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.
 
„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.
 
Почивај во мир мој пријателе.
Твоите дела ќе траат вечно.
 
По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески – поранешен Градоначалник на Охрид.