Балкан
17. March 2018 - 10:27

Бакир Изетбеговиќ од денеска претседава со Претседателството на БиХ

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ од денеска ќе го преземе претседавањето со тимот на тричленото тело.

По принцип на ротација Изетбеговиќ на таа позиција ќе го замени хрватскиот член на Претседателството, Драган Човиќ.

Мандатот на претседавач на Претседателството на БиХ трае осум месеци.

Инаку, на Изетбеговиќ тоа ќе му биде и последен мандат во Претседателството на БиХ, имајќи предвид дека во октомври оваа година во БиХ ќе се одржат избори на сите нивоа, а тој веќе нема право да се кандидира.