Бајрамски намаз на плоштадот Скендербег во Тирана и обид за самозапалување
Во сите џамии во Албанија во празнична атмосфера беа одржани утринскиот и бајрам намаз, а најмасовно беше на плоштадот Скендербег во Тирана, кој беше преполн со верници.
Ова е втора година по ред муслиманските верници во Албанија да го празнуваат Рамазан бајрам во услови на пандемија на Ковид-19.
Празничната атмосфера за кусо ја прекина немил настан, кога 40-годишен маж се обиде да се самозапали. Додека верниците се клањале, тој се полил со бензин, зборувал неразбирливо, без контрола на однесување и извикувал „Бог не постои“. Верниците биле тие кои први го совладале додека пристигнале полициски службеници кои го привеле.
Честитка по повод празникот Рамазан бајрам до верниците упати поглаварот на муслиманската заедница на Албанија, Скендер Бручај.
– Го молам Алах да ги исполни сите срца со љубов, почит и признавање, да даде благосостојба и мир во нашето општество и нашата татковина Албанија на сите луѓе во светот.. Честит и за многу години Фитер бајрам. Бог да го благослови секој ваш ден, се наведува меѓу другото во честитката на Бручај.
Честитики до верниците упатија и албанскиот државен врв, лидери на политички партии, амерканската амбасада во Тирана, како и Македонското друштво „Илинден“ и партијата Македонска алијанса за европска интеграција.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот