Loading Video...
Свет
8. November 2020 - 16:34

Бајден вети обединување на Америка и борба против корона вирусот

Нема сини и црвени држави. Има само Соединети. Во победничкиот говор Џо Бајден повика на обединување.

Призна дека му годи што влезе во американската историја со најмногу освоени гласови на едни претседателски избори. Бајден ја доби поддршката од над 74,5 милиони гласачи.

Новоизбраниот американски претседател на бината се појави носејќи маска и порача дека прва работа со која ќе се зафати е справувањето со коронавирсот.

Во американската историја се запиша и Камала Харис која стана првата жена на функцијата потпретседател.

- Избравте надеж, наука и вистина. Ќе бидам првата жена на таа функција но не и последна, порача Камала Харис.

Во говорите Ниту Бајден, ниту Харис не го споменаа Доналд Трамп кој одбива да го признае поразот, заканувајќи се со судска битка за резултатите во повеќе сојузни држави. Трамп обвини дека демократите му ја украле победата но без да приложи докази.

Честитки до 46 претседател на САД  упатија речиси сите европски и светски лидери преку писмени соопштенија и твитер пораки.  Но претседателот на Бразил како и премиерите на Унгарија и Словенија не му ја честитаа победата на Бајден. Премиерот на Словенија вели дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД а судовите се уште не донеле одлука за жалбите.

„Интересно. Судовите дури не почнаа да одлучуваат.Сепак галвните американски медиуми а не некое официјлано тело го прогласуваат поебдникот. Е тоа е владеење на правото,“ напиша Јанша на Твитер.  

77 годишниот Бајден успеа да ја освои Белата куќа во неговиот трет обид, откако не успеа да го стори тоа во 1988 и 2008 година.