Свет
8. February 2021 - 8:25

Бајден: Тешко дека САД до крајот на летото ќе постигне имунитет на стадо

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека ќе биде тешко САД до крајот на летгото да го достигнат имунитетот на стадо, што конкретно значи дека најмалку 75 проценти од населението да е вакцинирано против коронавирусот.

Бајден за Ес-БиСи Њуз изјави дека е тешко да се реализира идејата САД да постигнат имунитет кон стадо пред крајот на летото.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, САД досега дале точно 41.210.937 дози од вакцините против Ковид-19, а низ земјата дистрибуирале 59.307.800 дози.