Свет
25. August 2016 - 18:12

Бајден: Северен поток 2 е лоша зделка за Европа

Гасоводот „Северен поток 2" е „лоша зделка" за Европа, изјави денеска за време на посетата на Шведска потпретседателот на САД Џо Бајден, пренесува ТАСС.

- Ниту една земја не треба да ја користи енергијата како оружје, изјави тој на прес-конференција во Стокхолм и додаде дека Европа треба да го диверзификува својот енергетски пазар.

Бајден ги повика Европејците да го проучат ова прашање, бидејќи „проектот Северен поток 2 може да ја дестабилизира Украина".

Гасоводот беше договорен минатата година меѓу „Газпром" и неговите европски партнери и ќе минува преку Балтичкото Море од Русија до Германија. Но голем број земји од Источна Европа, како и САД, оценуваат дека гасоводот ќе ги ограничи рутите за снабдување, а со тоа и енергетската безбедност на ЕУ, која добива една третина од гасот од Русија.