Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина, САД продолжуваат со подршката за Киев
Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина со речиси 200 ракети и дронови а против украинските градови и енергетската инфраструктура, лишувајќи ги украинските граѓани од пристап до електрична енергија, соопштија синоќа од Белата куќа.
Во соопштението, потпишано од претседателот Џо Бајден, се вели дека „овој жесток“ напад е уште еден потсетник за итноста и важноста на поддршката за украинскиот народ во нивната одбрана од руската агресија.
-На овој ден, мојата порака до украинскиот народ е јасна: Соединетите Американски Држави стојат покрај вас.
На почетокот на оваа година и по моја наредба, САД започнаа со приоритетен извоз на противвоздушна одбрана за Украина.
Министерството за одбрана достави стотици дополнителни ракети за противвоздушна одбрана до Украина и понатамошни испораки се во тек, соопшти Бајден.
-Мојата администрација работи со месеци да помогне на Украина да биде поотпорна со нејзината енергетска мрежа а во подготовка за зимата, додека Министерството за одбрана продолжува да испраќа други критични капацитети до Украина, вклучувајќи артилерија, ракети и оклопни возила.
Бајден изјави дека Русија продолжува да ја потценува храброста, отпорноста и решителноста на украинскиот народ.
-Соединетите Американски Држави, заедно со повеќе од 50 земји, ја подржуваат Украина и нејзината борба за слобода.
Милиони Украинци останаа без електрична енергија во рускиот напад претходната ноќ, за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека е одмазда за употребата на американски ракети HIMARS од страна на Украина врз воени цели на руска територија.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја