Loading Video...
Свет
18. October 2020 - 16:41

Бајден најавува промена на американскиот пристап кон Косовското прашање

Доколку стане претседател на САД Џо Бајден најавува промена на американскиот пристап кон Косовското прашање. Администрацијата на Трамп според Бајден има неизбалансиран пристап кон Србија и Косово. Бајден вети дека ќе ја охрабри ЕУ да го исполни ветувањето и да одобри за граѓаните на Косово вистинска либерализација и да преземе понатамошни чекори за подобрување на интеграцијата на Косово во ЕУ вклучувајќи го и договорот за стабилизација и асоцијација.

Ниту новото примирје помеѓу Ерменија и Азербејџан не донесе мир во регионот Нагорно-Карабах. Двете страни се обвинија меѓусебе за кршење на примирјето само неколку часа откако стапи на сила утрово. Во последната рунда борби што изби на 27 септември загинаа најмалку 600 војници и цивили од двете страни. 

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека 3 милијарди луѓе или 40% од светската популација немаат уаслови дома да одржуваат основна хигиена со миење на рацете. УНИЦЕФ предупреди дека недосапноста до основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од зараза со корона вирусот и други болести.