Loading Video...
Свет
5. November 2020 - 16:37

Бајден на чекор до победа на претседателските избори во САД

Џо Бајден се поблизу до победа на американските претседателски избори. Демократскиот кандидат стрпливо чека да бидат пребројените сите гласови.

- Не сум тука да прогласам дека победивме. Кога броењето ќе заврши, веруваме дека ќе бидеме победници, изјави Џо Бајден.

Тимот на Трамп презеде правни дејствија во неколку одлучувачки земји во кои Бајден направи пресврт во резултатот. Се бара стопирање или пребројување на гласовите.

- Ќе поднесеме тужба во Пенсилванија. Срамота е што мораме. Тоа е последно нешто што сакавме да направиме. Тоа е последно нешто што татко ми сакаше да го направиме. Но ова е неконтролирана корупција и не смее да се случува. Едноставно не смее да се случува. Ова не е фер. Ова не е демократија, порача Ерик Трамп.

Трамп кој се бори за втор мандат на изборната ноќ изјави дека имал солидна предност во многу клучни земји, но одеднаш како што рече почнала волшебно да исчезнува.

И поддржувачи на актулениот претседател се обидоа да спречат пребројување на гласови во Мичиген, една од клучните држави.

- Запрете со броење, запрете со броење.....

Тензично е и во останатите важни  држави, а некои од поддржувачите на Трамп како што соопшти полицијата имаат оружје. На помош е повикана Националната гарда. 

 На улиците се и поддржувачи на Џо Бајден, кои бараат секој глас да биде преброен во сојузните држави каде што не се знае победникот.