Бајден ќе работи на укинување на смртната казна во САД
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден е против смртната казна и ќе работи на нејзино укинување, изјави денеска неговиот портпарол, додека Министерството за правда закажа уште три федерални егзекуции пред инаугурацијата на 20 јануари.
Затворското биро ја изврши осмата сојузна егзекуција оваа година, по пауза од 17 години, и веројатно ќе го зголеми притисокот врз Бајден да одлучи дали неговата администрација ќе продолжи да закажува егзекуции по заклетвата, пишува АП.
Поддржувачите на укинување на смртната казна ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да ги суспендира сите егзекуции се додека Бајден не ја преземе функцијата.
„Бајден се противи на смртната казна, сега и во иднина“, рече секретарот за печатот Т.J Дакло, но не наведе дали егзекуциите ќе бидат запрени веднаш откако Бајден ќе ја преземе функцијата.
Оваа година, Министерството за правда одобри егзекуција на повеќе луѓе отколку во претходниот половина век, и покрај тоа што смртната казна што ја изгуби јавната поддршка и од демократите и од републиканците.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Додека процесот на вакцинација во соседните земји е веќе во поодмината фаза, македонските граѓани се уште молат за вакцини
-
Милевски: Над 30.000 жители на Демир Хисар следната зима ќе ја дочекаат без проблеми со новата механизација за одржување на патишта
-
Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката
-
МОН: Преку современи учебници без грешки го подигаме квалитетот на образовниот процес
-
Земјотрес од 5,9 степени во Иран
-
22 прекршувања на забраната за движење
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваaт 702 болни
-
Морисон: Австралија не брза да ги отвори границите