Свет
25. November 2020 - 8:29

Бајден ќе почне да добива доверливи информации

Белата куќа одобри новоизбраниот претседател Џо Бајден да го добие досието со доверливи разузнавачки извештаи подготвени за американскиот претседател, таканаречениот Дневен извештај, изјави неименуван извор од администрацијата.

Оваа одлука значи дека Бајден ќе има пристап до најновите разузнавачки информации за најголемите закани за националната безбедност ширум светот, пренесуваат британските медиуми.