Бајден ќе ја именува Џен Псаки за портпарол на Белата куќа
Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден планира да ја назначи Џен Псаки за портпарол на Белата куќа во неговата нова администрација, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на демократот.
Псаки беше официјален претставник на Белата куќа и Стејт департментот во администрацијата на 44-от претседател на САД, Барак Обама. Таа сега е советник во преодниот тим на Бајден.
Бајден најави дека ќе ја назначи Кејт Бедингфилд за директор за комуникации во Белата куќа. Таа беше заменик-директор на кампањата на демократот, но, исто така, и директор за комуникации во главниот штаб. Шефот за комуникации во Белата куќа ја контролира целата политика на јавна комуникација на американската администрација.
– Горд сум што објавувам дека првпат клучниот тим за односи со медиумите во Белата куќа ќе се состои единствено од жени, истакна новоизбраниот претседател.
Карин Жан-Пјер ќе биде првиот заменик-портпарол на Белата куќа. Идната потпретседателка на САД Камала Харис официјално ќе биде претставувана од Симон Сандерс и Ешли Етјен. Претходно, Сандерс и Жан-Пјер беа високи советници во кампањата на Бајден. Првата дама на САД, Џил Бајден ќе ги контролира односите со новинарите заедно со Елизабет Александар.
Ново на Сител
-
Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин
-
На скопскиот аеродром уапсен 18-годишник, се наоѓал на листата со мерка „апси“
-
Сообраќајка во Скопје, тешко повредено едно лице
-
Маричиќ: Коруптивното однесување е најчесто организирано
-
Затворен објект во Куманово кој не го почитувал работното време
-
Почна најмасовната вакцинација против Ковид-19 во светот
-
Змиски отров можен лек против Ковид-19
-
Пендаровски: Во НАТО нема снаоѓање, досега реветингот не го поминаа две лица