Свет
24. August 2016 - 14:37

Бајден изрази жалење за фактот дека Ѓулен е во САД, а не во друга земја

Американскиот вицепретседател Џо Бајден денеска изрази жалење за фактот дека исламскиот проповедник Фетула Ѓулен се наоѓа во САД, а не во друга држава, пренесе ТАСС.

Бајден ова го кажа по средбата со претседателот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман во Анкара.

Има придвижување во преговорите за екстрадицијата на Ѓулен, но одлуката за неговото предавање на Турција ќе ја донесе Федералниот суд на САД. Жалосно е што Ѓулен се наоѓа во САД, а не во некоја друга земја, рече Бајден, цитиран од турската телевизија НТВ.

Турските власти сметаат дека исламскиот проповедник, кој живее во САД, и негови следбеници стојат зад обидот за преврат во Турција, извршен на 15 јули.

Бајден денеска уште и кажа дека денот кога беше извршен обидот за преврат во Турција - „15 јули, е истото нешто што 11 септември е за САД“.