Бајден : Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираa
Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази незадоволство заради слабиот одговор на вакцинација против Ковид-19. Според него, од огромна важност е Американците да почнат да се вакцинираат, сега откако вирусот почна повторно да се шири
Во телевизиското обраќање од Синсинати, американскиот претседател Џо Бајден кажа кризата многу ги погоди невакцинираните во време кога ширењето на делта сојот на вирусот доведе до зголемување на бројот на нови инфекции низ целата земја, пренесуваат американските медиуми.
-Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираа, тоа е темелот и тоа едноставно е така, рече Бајден.
“Десет илјади лица неодамна починаа од Ковид-19, а 9.950 од нив не биле вакцинирани”, додаде тој.
Претседателот изрази огорченост затоа што толку многу Американци, кои можат да бидат вакцинирани, не сакаат тоа да го сторат.
Истовремено, тој изрази оптимизам дека во следните месеци ќе се одобри вакцинација и за децата на возраст под 12 години.
-Доколку се вакцинирате, нема да бидете хоспитализирани, нема да бидете на интензивна нега и нема да умрете. Затоа е од огромна важност е сите да се однесуваме како Американци кои се грижат за своите сонародници, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар