Loading Video...
Свет
25. January 2021 - 20:03

Бајден ги враќа трансродовите лица во армијата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја поништи одлуката на  Доналд Трамп според која трансродовите лица имаа забрана да служат во американската армија. Трамп ја објави забраната во јули 2017 година преку твит, а таа беше спроведена во април 2019 година. Враќање на трансродовите лица во армија беше едно од предизборните ветувања на Бајден.

Големи шумски пожари беснеат во делови на Австралија. Најкритично е околу градот Аделаида, каде пламените јазици досега уништија неколку куќи. Против пожарот се борат шест авиони Канадери и голем број пожарникари. Ќе биде потребно време за да пожарите се стават под контрола рече премиерот Морис Скот. 

Рускиот претседател ги демантираше гласините дека поседува луксузна палата  во близина на Геленджик  на брегот на Црното Море.

„Ова е апсурдно“, истакна Путин.

Веста за палатата ја објави Алексеј Навални преку видео снимка поставена на Јутјуб. Рускиот опзоициски лидер тврди дека резиденцијата е изградена за Путин преку корупциска шема. Изградбата според Навални чинела една милијарда евра.