Бајачка од Прилеп измамила жителка на Дебар
Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против жителка на Прилеп, која во Дебар се претставувала како бајачка.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Прилеп. Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18 јули свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, и побарала златен накит и не и го вратила, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Од недоамна, особено по пристигнувањето на иселениците, на главната улица во градот е зголемен бројот на питачи, жени и деца, кои главно се од Прилеп и Велес, а ги има и од Битола и Гостивар.
Ова е редовна појава во летниот период кога во родниот крај доаѓаат иселениците за кои питачите велат дека се подарежливи од мештаните. За пазарење во Дебар секојдневно доаѓаат и луѓе од соседните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно од долнореканскиот крај.
Полицијата во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа спроведува акции за нивно отстранување од улиците, но тие повторно се враќаат во поголем број, посебно од средината на јули до крајот на август кога присуството на иселениците е најмасовно.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени