Свет
3. January 2020 - 8:23

Багдад: Три ракети паднаа врз аеродромот, неколку лица повредени

Три ракети паднаа на меѓународниот аеродром во Багдад, соопштија властите. Ракетите паднале во близина на карго-терминалите.

Во нападот биле запалени две возила, а неколку лица се повредени, се вели во соопштение.

Нападот се случи во момент на засилени тензии со САД, откако милиции поддржани од Иран пред два дена ја нападнаа американската Амбасада во Багдад.