Багдад бара повлекување на турските војници, кои илегално влегле во Ирак
Ирак настојува да се повлечат турските војници, кои незаконски влегле на негова територија, но тоа не важи и за воените советници, објасни денеска ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари.
Официјален Багдад вчера и даде 48-часовен рок на Турција да ги повлече своите војници и ја предупреди Анкара, доколку тоа не го направи ќе се соочи со сите можни опции.
- Воените советници се друго прашање. Постојат советници од одреден број земји и ние сме го прифатиле тој принцип, но не и принципот на копнени сили да влегуваат на ирачка територија, истакна Џафари на заедничка прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер.
Турција има свои војници во база во реонот на Башика, провинција Ниневија. Тие ги обучуваат сунитските ирачки сили, кои сакаат да ја вратат контролата врз соседниот град Мосул, кој се наоѓа во рацете на групата Исламска држава (ИД).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација