-->
-->
Баерн се закани со тужба пред ФИФА ако некој преговара со Левандовски
-->
Откако англиските медиуми побрзаа да го преселат Роберт Левандовски во Премиер лигата, германскиот шампион Баерн се огласи со соопштение дека ќе покрене постапка пред ФИФА за секој тим кој ќе се обиде да го ангажира Полјакот.
„Роберт Левандовски е под договор со Баерн кој неодамна ја продолжи верноста до 2021 година. Напаѓачот не сака да замине од Минхен. Во моментов нема преговори за негова продажба и ниту пак ќе има. Ако некој друг клуб преговара со играч кој има долгорочен договор, ќе биде пријавен од ФИФА и ќе го очекува казна. Агентот на фудбалерот исто така ни соопшти дека немало разговори со други екипи“, се вели во соопштението на Баерн Минхен, објавено на германскиот ТВ канал „Скај Спорт“.
Инаку англиските медиуми само 48 часа по интервјуто во кое менаџерот на Левандовски упати критики кон Баерн Минхен и рече дека неговиот клиент не е задоволен, поитаа со информациите дека за услугите за полскиот голгетер заинтересирани се двата англиски гиганти, шампионот Челзи и освојувачот на Лига Европа тимот на Манчестер Јунајтед
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак