Loading Video...
Кошарка
2. April 2021 - 12:52

Баерн се избори за плејофот во Евролигата - Остануваат уште две слободни места за разигрувањето

Во елитната Евролига, познати се шест од осумте екипи кои обезбедија пласман во плејофот.
 
Екипата на минхенски Баерн е шестиот тим кој обезбеди пласман во разигрувањето на Евролигата. 
 
Во дуел од претпоследното 33 коло од лигашкиот дел, во неизвесен меч,  Баварците славеа победа над Жалгирис минимално со 71-70 со што се на две победи повеќе од конкурентите. 
 
Придонес за пласманот на Баерн во плејофот имаат и кошаркарите на Анадолу Ефес кои на гости на победија Басконија со 111-101, со што и ги замисија сметките на шпанската екипа за место меѓу осумте најдобри, кое ќе го бркаат во последното коло. 
 
Тимот на Реал Мадрид кој вечерја во пречекува Олимпијакос со победа би го заверил својот пласман во разигрувањето, за кое сеуште шанси имаат и Валенсија и Зенит кои заостануваат за победа односно две зад конкурентите, но рускиот тим има и натпревар плус за доигрување. 
 
Покрај Баерн, место во плејофот, односно четвртфиналето, веќе имаа обезбедено: Барселона, Анадолу Ефес, ЦСКА Москва, Олимпија Милано и Фенербахче