Фудбал
20. December 2018 - 8:47

Баерн се доближи на шест бода до лидерот во Бундеслигата

Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн Минхен го искористи поразот на лидерот Борусија Дортмунд и се доближи на минус шест бода, откако синоќа го совлада Лајпциг.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Франк Рибери на десетина минути пред крајот.

Резултати:
Шалке – Баер Леверкузен 1:2
Баерн Минхен – Лајпциг 1:0
Фрајбург – Хановер 1:1
Мајнц – Ајнтрахт Франкурт 2:2
Вердер – Хофенхајм 1:1.

Играно во вторник:
Борусија Менхенгладбах – Нирнберг 2:0
Фортуна Дизелдорф – Борусија Дортмунд 2:1
Херта – Аугсбург 2:2
Волфсбург – Штутгарт 2:0.

Води Борусија Дортмунд со 39 бода, Борусија Менхенгладбах има 33 исто колку и третопласираниот Баерн, следуваат Лајпциг 28, Ајнтрахт Франкфурт 27,….