Фудбал
18. August 2017 - 16:02

Баерн против Баер на стартот во Бундес лигата

 
 Со натпреварот кој ќе се игра вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, а во кој актуелниот германски шампион Баерн ќе биде домаќин на Баер Леверкузен, ќе започне новата сезона во Бундес лигата. 
 
И годинава нема промени што се однесува до термините на одигрување на натпрев5раите, па така во сабота централниот термин останува од 15:30 часот, а во попладневниот од 18 часот. 
 
По две средби ќе се играат и во недела. 
 
Двојките за дуелите од 1.коло кои на програмата се викендов се: 
 
Сабота 
15:30 Хамбургер - Аугсбург
15:30 Херта - Штутгарт
15:30 Хофенхајм – Вердер 
15:30 Мајнц - Хановер
15:30 Волфсбург – Борусија Дортмунд
18:30 Шалке - Лајпциг
Недела 
15:30 Фрајбург - Франкфурт
18:00 Борусија Менхенгладбах – Келн.