Фудбал
1. March 2021 - 10:52

Баерн подготвен да понуди 45 милиони евра за Кулибали

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, својата кариера може да ја продолжи во Германија.

Според „Tuttomercatoweb“, 29-годишниот Сенегалец се најде во сфреата на интереси кај  Баерн Минхен, кој е подготвен да плати 45 милиони евра за фудбалерот.

Во тековната сезона, Кулибали одигра 28 натпревари на сите турнири, на кои постигна еден гол, заработи седум жолти картони и едно исклучување.