Loading Video...
Кошарка
1. February 2019 - 15:15

Баерн по две продолженија го победи Фенербахче

 
 
Кошаркарите на минхенски Баерн по две продолженија славеа победа на Фенербахче во најнеизвесниот меч од 21.коло на Евролигата. На средбата во Минхен, Баварците победија со 90-86, откако регуларниот дел заврши нерешено 66-66, а немаше победник и по првите дополнителни 5 минути (80-80). 
 
Победни на домашен терен остварија и Химки против Жалгирис (74-64) и Басконија над Макаби (93-73), додека единствениот триумф на гостите им го донесе Барселона која во Атина го совлада Олимпијакос со 76-55. 
 
Денеска на програмата се преостанатите четири средби од ова коло, а двојките се:
 
ЦСКА Москва- Будуќност 18:00 часот
Дарушафака - Реал Мадрид 18:15
Панатинаикос - Анадолу Ефес 20:30
Гран Канарија - Армани Милано 21:00