-->
-->
Баерн најде замена за Левандовски?!
-->
Sport 1 најавува сензационален трансфер, доколку минхенски Баерн се реши во летниот преоден рок да го пушти Роберт Левандовски да замине во Реал Мадрид. Имено, доколку Левандовски замине, а на негово место ќе дојде Гонзало Игуаин од Наполи.
Според истиот извор, Карло Анчелоти, кој од наредната сезона ќе го предводи Баерн, на челниците на клубот им поставил услов дека Левендовски мора да остане во клубот. Тие веќе започнале преговори за продолжување на договорот на полскиот напаѓач, кој во Минхен заработува девет милиони евра по сезона.
Јасно е дека Баерн на Левендовски ќе му понуди поголема годишна плата, но прашање е дали тој нема да бара нов предизвик во кариерата.
Доколку Баерн не успее да го задржи Левандовски, тогаш во Минхен треба да пристигне Гонзало Игуаин, кој игра сезонава игра во голема форма. Аргентинецот е прв стрелец во Серија А со 16 постигнати голови.
Инаку, според Sport1, Баерн нема да преговара со Наполи околу трансферот на Игуаин, туку веднаш ќе ја активира откупната клаузула која е вметната во договорот на Игуаин, а која изнесува 94 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто