Loading Video...
Кошарка
9. November 2018 - 14:46

Баерн ја спаси честа на домаќините

 
Екипата на Баерн Минхен ја спаси честа на домаќините, остварувајќи ја единствената победа на првите четири одиграни средби од 6.коло во кошаркарската Евролига. 
 
„Баварците“ славеа убедлива победа над Дарушафака со 116-70. 
 
На останатите три натпревари каде победи остварија гостинските екипи, Анадолу Ефес ја совлада Гранд Канарија со 94-90, ЦСКА славеше во Милано со 90-85, а европскиот шампион Реал Мадрид се прошета низ Тел Авив совладувајќи го Макаби со 87-66
 
Вечерва во Евролигата се играат преостанатите четири натпревари од ова коло, а двојките се: 
 
Петок 
18:00 ХИМКИ БАРСЕЛОНА
19:00 БУДУЌНОСТ ЖАЛГИРИС
20:00 ПАНАТИНАИКОС ОЛИМПИЈАКОС
20:30 БАСКОНИЈА ФЕНЕРБАХЧЕ