Фудбал
21. August 2020 - 17:11

Баерн и Шалке на 18 септември ќе ја отворат новата сезона од Бундеслигата

Бундеслигата денес го објави натпреварувачкиот календар во сезоната 2020/21 година за првите осум кола. Првото коло ќе започне на 18 септември со средбата на Баерн и Шалке.

Германскиот Суперкуп во кој ќе се сретнат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд е закажан за 30 септември.

Бундес лига 1. коло двојки:

18 септември:
Баерн – Шалке;

19 септември:
Ајнтрахт – Арминија
Унион Берлин – Аугсбург
Келн – Хофенхајм
Вердер Бремен – Херта
Штутгарт – Фрајбург
Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах;

20 септември:

Лајпциг – Мајнц
Волфсбург – Баер.