Фудбал
7. February 2018 - 11:52

Баерн и Баер први полуфиналисти на германскиот Куп

 
Екипите на Баерн и Баер се пласираа во полуфиналето на германскиот Куп. 
 
Баварците славеа убедлива победа на гостувањето кај Падерборн со 6-0, додека „Фармацевтите“ во Леверекузен со пресврт го победија Вердер со 4-2, откако гостите од Бремен имаа и предност од 2-0. 
 
Вечерва  се играат преостанатите два четвртфинални дуели во кои Ајнтрахт е домаќин на Мајнц, а Шалке го пречекува Волфсбург.