-->
-->
Баерн го „врза“ Нојер на уште 5 години
-->
Голманот на минхенски Баерн и на германската репрезентација, Мануел Нојер (30), го продолжил договорот со клубот до 2021 година. Финансиските детали од договорот не се соопштени.
Нојер во Минхен се пресели во 2011 година од Шалке. За пет сезони во дресот на Баерн освои три титули во Бундеслигата, две во Купот и една во Лигата на шампионите (2013), а во 2014 година беше прогласен за најдобар голман во светот и беше во најтесниот круг во изборот за најдобар светски фудбалер.
Голамнот на Баерн, со германската репрезентација во 2014 година ја освои титулата на Светското првенство во Бразил.
Баерн, кого од наредната сезона ќе го предводи Италијанецот Карло Анчелоти, претходно ги проолжи договорите со Жером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба и Хави Мартинез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење