Фудбал
11. July 2017 - 19:09

Баерн го потврди трансферот на Хамес Родригез

 
 
Актуелниот германски шампион минхенски Баерн на својот веб сај го потврди ангажманот на Колумбиецот, Хамес Ходригез. 
 
25-годишниот Родригез во наредните две сезони ќе биде играч на Баерн, и тоа како позајмица од мадридски Реал. 
 
„Реал Мадрид и Баерн Минхен денеска го договорија трансферот на Хамес Родригез. Двата клуба си подадоа рака за две годишна позајмица, а Баерн ќе има опција во целост да го откупи играчот. Родригез ќе стави потпис на договорот откако ќе ги помине редовните лекарски прегледи” се вели во соопштението на Баерн. 
 
Извршениот директор на Баварците, Карл Хајнц Румениге потенцира дека Колумбиецот бил на врвот на листата со желби на тренерот Карло Анчелоти.
 
„Родригез беше најголемата желба на нашиот тренер Карло Анчелоти, двајцата одлично соработуваа во Реал Мадрид. Тој е сестран фудбалер, постигнува голови, асистира и знае опасно да се закани од прекин. Нема сомнеж, неговиот трансфер ќе го зголеми квалитетот на тимот”, изјави Румениге.
 
Комлубиецот во дресот на Реал одигра вкупно 111 натпревари во кои постигна 36 голови и имаше 41 асистенција.