Македонија
6. January 2017 - 9:20

Бадникарски поворки низ неколку градови во Македонија

Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникарски поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Децата учесници во бадникарските поворки ќе ја пејат песната „Вечниот Бог “ и ќе  носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и  ѕвезди што ја симболизираат  ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Идејата за овие бадникарски поворки за кои се пријавени над 2.000 деца потекна од свештенството на МПЦ-ОА, а целта е да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.