Македонија
5. January 2020 - 16:33

Бадникарски огнови вечерва низ целата држава- МПЦ не дава поддршка, општините не донираат дрва

Граѓаните се организираат, Град Скопје апелира да не се палат бадникови огнови. Во влезовите на повеќе згради има вакви известувања за собирното место. Од друга страна Градските власти повикуваат луѓето да се воздржат од палење огнови за да не го загадуваат воздухот. Иако казната е 50 евра вечерва нема да санкционираат поради традицијата и оставаат на совеста на граѓаните.

-Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решиле да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје, информираат од Град Скопје.

Дали треба да продолжи традицијата или да се избегне палењето бадникови огнови граѓаните со поделени мислења.

Еко активистите пак го разбираат револтот на граѓаните заради апелите да не се палат огнови зошто институциите во текот на целата година не преземале мерки за да го намалат загадувањето.

-Не можеме да очекуваме кога имаме 365 дена во годината непречено загадување дозволеноп од институциите кои никако не реагираат потоа да бараат од граѓаните во една вечер да се откажат од тоа во кое веруваат. Но сакам да им порачам на граѓаните дека секогаш е важно да се почне прво од себе. Верувам дека сите сес весни дека еден ден нема да смени многу, но на оние кои им пречи загадувањето, оние кои се болни и тоа како го чувствуваат, вели Драгана Велковска, од здружението за заштита на животни и животна средина 1.

И Црквата не подржува палење на бадникови огнови, ова го сметаат за пагански обичај.

Ветерот денеска го исчисти воздухот, но вчера и завчера загадувањето во повеќе градови рушеше рекорди.