Loading Video...
Кошарка
25. September 2021 - 19:08

Баделки се првите освојувачки на кошаркарскиот Супер Куп

Кошаркарките на Бадел 1862 се освојувачи на првиот трофеј наменет за победникот во Суперкупот, кој од оваа сезона ќе го носи името на „Драган Василов Цевка“.

Екипата која минатата сезона загуби две финалиња во домашното првенство и купот, им се ревеншираа на своите големни ривалки кошаркарките на Баскет Кам кои ги освоија трофеите.

Баделки попладнево беа подобри од ривалките кошаркартките од Македонска Каменица, кои ги совладаа убедливо со 88 – 72 со што тимот на Бадел новата сезона ќе ја започне со освоен трофеј.