Loading Video...
Кошарка
16. May 2018 - 23:22

Баделки повторно ја освоија шампионската титула

Кошаркарките на Бадел ја одбранија титулата во домашниот шампионат. 
 
Баделки со максимални 3-0 во финаланта серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја запечатија петтата титула во низа. 
 
Баделки пренесоа еден бод предност во финалната серија, на првиот натпревар на домашен терен славеа со 61-51, а титулата ја запечатија со победа на гостински терен со 55-76.
 
Репрезентативката Александра Стојановска се закити со признанието за најкорисен играч.
 
Потсетување дека овие два тима играа и во финалето на Купот на Македонија, а тогаш подобри беа вардарки.