Кошарка
21. February 2016 - 19:41

Бадел по третпат во низа го освојува Купот на Македонија

 На доминантен начин со убедливи 30 поени разлика екипата на Бадел попладнево во Гевгелија го победи Лотос во финалето од женскиот кошаркарски Куп на Македонија.

Баделки беа надмоќни во текот на целиот меч кој заврши 88:58, по четвртини 24:16; 30;14; 13:12 и 21:16.

Александра Стојановска со 23 и Нена Трајчевска со 21 поен се најзаслужните за новата титулана Бадел.

Во поразениот тим најдобра беше Сандра Лазаревска која уфрли 24 поени.

За Бадел, кој веќе трета година е без конкуранција во женската мак-кошарка, ова беше втор трофеј по ред.

Вечер од 19 часот и 30 минути исто така во Гевгелија се игра машкото финале во купот меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи.