Фудбал
30. January 2017 - 16:16

Бабунски потпиша за Јокохама

 
 Македонскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Црвена звезда, Давид Бабунски денеска официјално стана нов играч на јапонскиот второлигаш Јокохама.
 
- Од моментот кога слушнав дека Јокохама е заинтересирана за мене, јас веднаш почнав да учам јапонски јазик. Многу сум среќен што можам да бидам дел од овој клуб и што е можно поскоро да се запознам со јапонскиот фудбал, изјави Бабунски за официјалниот сајт на клубот.
 
Македонецот пред преселбата во Белград каде не се избори за стандардно место во составот на „црвено-белите“, играше во вториот тим на Барселона