Фудбал
4. January 2017 - 18:39

Бабунски: Блиску сум до раскинување на договорот со Црвена звезда

 
 
 Македонски фудбалски репрезентативец Давид Бабунски ќе го раскине договорот со Црвена звезда и како слободен играч ќе си бара нов клуб.
 
Поранешниот член на Барселона ги напушта „црвен-белите“ од Белград по речиси една година и мала минутажа. Тој одигра имаше само 13 настапи во сите натпреварувања.
 
- Побарав раскинување на договорот и 99 проценти си одам од Црвена звезда. Јас во моментов сум на одмор во Австралија и не следм што пишуваат српските и македонските медиуми. Знам дека ситуацијата во Црвена звезда нема да се промени, а кога е така, јас треба да се барам друг клуб, изјави Бабунски за македонскиот спорт.
 
Младинскиот репрезентативец на Македонија не сакаше да го открие името на новиот тим, истакнувајќи дека наредните денови ќе биде познат.