Балкан
16. February 2017 - 10:58

Бабата во солзи: Како да му објаснам на внукот (4) дека мајка му повеќе ја нема?

Обдукцијата покажала дека младата жена починала од дрога. Но сега мора да се дознае како се нашла под еден куп ѓубре и стар орман пред зграда во Риека. нејзиниот сопруг го знае одговорот.
 
Четиригодишното внуче весело трчало околу својата баба. Таа се трудела да не ја издадат солзите. Нејзината ќерка, мајката на момчето е мртва.
 
- А што да ви кажам. Ова е голма и страшна трагедија, - рекла вознемирената мајка додека за рака го држела својот внук.
 
Неговата мајка ја нашле пред облакодер во Риека. Складот кој го користат сите станари, бил заклучен, а во бравите бил скршен клуч. Соседката се посомневала дека нешто не е во ред, па повикала пожарникари. Откако ја отвориле вратата, под ѓубрето лежело безживотното тело на Ондин М (33).
 
Наскоро целото место било преполно со полиција, а првиот сомнеж бил дека станувало збор за убиство. Главен осомничен бил нејзиниот сопруг Жељко М.
 
Всушност, тој во средата се јавил на својата баба и и рекол да дојде во нивниот стан за да го чува внучето. Жената, не сомневајќи се дека нешто не е во ред, го зела детето, а Жељко заминал во непознат правец.
Полицијата ги блокирала сите патишта од Риека кон Загреб. Ги претресувала сите сомнителни автомобили, запирале автобуси и ги легитимирале патниците.
 
Но, обдукцијата покажала дека се работи за самоубиство, младата мајка се предозирала. Жељко го бара полицијата да објасни как неговата жена се нашла во складот за ѓубре.
 
- Кој знае што се случило. Кај нив често доаѓаше полиција. Ништо не би не чудело, изјавиле соседите.
 
Неофицијално, покојната сопруга се лекувала од зависност во Психијатарската клиника Врапче.
 
- Се гледавме понекогаш, знаевме да се напиеме кафе, секогаш со неа го водеше синот. Момчето е со посебни потреби и не зборува. Последен пат ја видов во неделата. Ми се пожали дека нејзиниот сопруг ја остава, но дека и пратил порака дека ќе се погрижи за детето, - изјавила познаничка од соседството.
 
Ондина од првиот брак имала уште едно дете кое живеело со татко му.
Од полицијата кажале дека и понатаму работат на расветлување на случајот и дека постојано патролираат пред зградата во случај да се појави Жељко.