Живот
14. јуни 2017 - 15:56

Баба Зора има 77 години а месечно заработува некогаш и повеќе од 1.000 евра!

Зора Тешевиќ (77) од Ужице и во осмата деценија е меѓу првите на пат кон Ариље, и оваа година да бере малини, боровинки и капини.

- Веќе 5 години рабoтам кај исти луѓе. Минатата година работев три месеци, човекот кај кого берев тогаш ми купи торта на 12. август за мојот 77. роденден - вели баба Зора.

И покрај трагедијата која ја доживеала, ги погребала своите два сина утеха наоѓа во работата.

- Минатата година ми почина синот кој имаше 57 години, веднаш по 40-дневниот помен отидов да работам. Набрав 118 килограми капини, останатите работници доаѓаат да  берат малини еден месец или два и си одат, јас останувам и за капини и боровинки. Заработив 1.100 евра - вели Зора и додава дека се што заработила дала за споменик.

И оваа година после годишнината тргнала на берење иако за себе вели дека не е многу здрава, пие редовно лекови и покрај работата од утро до вечер помага на газдарицата да ја постави вечерата и некогаш ги мие садовите.

Баба Зора живее сама, но живее за внуците, едната магистрирала економија во Белград а другата е дефектолог.

- Имам јас моја мензија од 200 евра, некогаш работев административни работи во Регионалните СИЗ-ови во Ужице, тоа за мене е доволно. Она што ќе го заработам дополнително оваа година ќе оди во рацете на моите внуци - вели гордо Зора.