Македонија
28. October 2016 - 16:27

Баба Ванѓа ќе добие споменик во Струмица

Баба Ванѓа ќе доби споменик во родната Струмица. Иницијативата за споменик на познатата јасновитка ја покренаа група граѓани кои оваа нивна идеја ја доставија и до советот на општина Струмица.

Во писменото образложение на иницијативниот одбор меѓу другото стои дека Вангелија Пандева Димитрова позната ширум светот како претскажувачка и исцелителка треба да добие споемнично обележје во својот роден град.

На тој начин тие сметаат дека може да се вреднува и валоризира нејзиниот неизмерен хуманизам,милосрдие и добродушност олицетворени во сета нејзина душа и срце, а покажан во секојдневната комуникација со обичните луѓе, но и со голем број државници, општественици и црковни достоинственици.

,,Нема сомнение дека ваквото човекољубие послужило како единствен пример за сите луѓе, но оставило и длабоки траги и неизбришливи спомени кај секој кој што живеел во епохата на феноменот едноставно наречен Баба Ванѓа.,, рече Никола Пандев – советник од ВМРО ДПМНЕ.

Советот на општина Струмица едногласно ја пригфати иницијативата и покрај забелешките дека иницијативниот одбор ја нема прецизирано локацијата и формата на спомен обележјето како и начинот на кој ќе се финансира неговата изградба, дали од буџетот на општината или и попат на донации.

Вангелија Пандева-Димитрова, во светот позната како Баба Ванѓа е  родена на 3 октомври 1911 година во Струмица, а по мажачката, до крајот на животот живеела во бугарскиот град Петрич. Почина на 11 август 1996 година,

Таа предвидела голем број настани како што се бомбардирањето на Белград во април 41 година, смррта на бугарскиот цар Борис, скопскиот земјотрес па и сопствента и смртта на нејзиниот сопруг. Куќата на Ванѓа во Петрич

 како комплексот Рупите каде ги поминала последните години од животот  и каде се наоѓа нејзиното вечно почивалиште   билепосетувани од голем број познати личности од целиот свет, а една од нив била и Жаклина Кенеди.