Баба случајно ги „издрогирала“ децата и внуците- сите освен неа завршиле во болница
Кога седум членови на едно семејство се собрале за божиќен ручек во Чешка, никој од нив не очекувал дека во следните неколку часа ќе повраќа и ќе има халуцинации.
Тајната била во една од состојките која се нашла на божиќната трпеза.
Ова семејство во чешкиот град Вратимов за Божиќ јадело печена патка, а само еден од нив не завршил во болница со симптоми на вртоглавица, гадење и халуцинации.
Четири возрасни личности, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од три и шест години, биле одведени во болница со претпоставка дека се отруле од јаглерод моноксид.
После потрага во домот не било пронајдено истекување на гас, па почнале да се сомневаат во храната која членовите на семејството ја консумирале.
На крај сфатиле дека бабата, користела канабис како зачин во храната.
Марихуаната ја користела во медицински цели и поради тоа таа била единствената која се чувствувала добро после ручекот.
Чешката полиција потврди дека бил отворен кривичен предмет поради „подготовка на недозволени дроги“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација