Азилантите ја чинат Австрија над пет милиони евра годишно
Установите за сместување на барателите на азил минатата година ја чинеле австриската држава дури 5,3 милиони евра.
Само четири од овие 18 објекти навистина се користеле за сместување бегалци, се дознава од одговорот на австриското Министерство за внатрешни работи на прашање на парламентот.
Сместувачките објекти што активно се користат се наоѓаат во Корушка, Штаерска, Салцбург и Долна Австрија, а десетина објекти, што државата ги изнајмила, се користат како превентивни капацитети, додека остантите четири служеле како магацини за материјали.
Најскапиот објект, што државата го изнајмила за сместување на бегалци, минатата година била една куќа во Семеринг, која не се користела, а чинела вкупно 510.000 евра.
Слободарската партија на Австрија (ФПО) укажува дека бројните сместувачки капацитети се изнајмени уште пред три години, дека договорите предвидуваат долги рокови за откажување, огромни кирии и предолгото траење.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата