Азески: Се засилува бизнис соработката со Грција
Општа е оценката дека Преспанскиот договор донесе подобра атмосфера во соработката, но економските резултати изостанаа зашто влеговме во период на пандемија. Сега се надеваме дека тоа ќе се надмине, оцени денеска претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.
Азески најави засилување на соработката со Грција преку интензивирање на проектните активности.
-Имаме рок во Преспанскиот договор во кој треба да се завршат работите и во однос на трговските марки и географските ознаки, но рокот уште не е истечен и работиме на тоа. Мислам дека ќе биде заштитен интересот на Македонија, иако јас и тогаш и сега тврдам дека грчката страна е многу појака и поискусна во тоа и треба да се побара меѓународна поддршка. Владата работи на тоа, ние сме во контакт со МНР. Мислам дека сето тоа ќе придонесе да не се најдеме во незавидна ситуација како порано, истакна Азески, одговорајќи на новинарско прашање што доби бизнисот, а што изгуби со потпишувањето на Договорот.
Азески ифнормира дека денеска имале средба во Ресен претставници на Комората со градоначалниците и бизнисмените од регионалните комори во Северна Грција.
-Се интензивираат активностите на проекти, ќе го засилиме темпото на работа со Грција, нагласи Азески.
Ново на Сител
-
Повреден полицаец | ФОТО
-
Заев – Помпео во Атина: Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години
-
Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ
-
Ескалира ситуацијатa на протестот пред Собрание | ВИДЕО
-
Помор на риби во Раец - испуштена непозната течност од возило во реката
-
Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Тирана сама да го продолжи патот
-
Мишел: Ако има одлука што нема да биде „да“ ќе чекаме уште многу долго за нов предлог
-
Сообраќајка во Кисела Вода