Бизнис
24. September 2019 - 16:53

Азески: Бизнисмените да се потрудат да ги задржат работниците

На газдите ако им требаат работници сами да си ги создадат и да се потрудат да ги задржат, да не чекаат тоа државата да го стори за нив.

Првиот човек на најголемата комора, Бранко Азески на дебатата за создавање стручен кадар по мерка на бизнисот со јасна порака до своите колеги: Државата е лош регулатор, таму каде што се замеша направи хаос. Создавањето стручни работниците според потребите, бизнисот треба сам да си го плати.

-Имаме повеќе факлутети од среди училишта и никој ништо не прави за тоа да се смени, ги доведовме наставниците до питачки стап и сакаме тие да продуцираат кадри, смета Азески.

Истражувањето на Комората покажува дека само мал број компании заедно со средните стручни училишта создаат кадар каков што им треба преку обезбедување практична работа. За разлика од нив, најголем дел од газдите сметаат дека нема потреба да инветсираат во младите затоа што тие секако ќе ја напуштат земјава.

-Ај да го свртите наопаку прашањето...зошто да не инвестраме во тие што сакаат да останат, на тој начин ќе си помогнеме себеси, изјави тој.

Помалку факултети и повеќе грижа за уписните политики треба да биде првиот чекор за надминување на проблемот со недостигот на стручен кадар.

-35% од газдите рекле дека работниците со факултет немаат додадена вредност во однос на тие што се со средно, изјави професор Никица Мојсоска.

Според последните податоци од уписите во средните училишта, 58% од учениците одат во средно стручно, останатите во гимназија. За компаниите да имаат повеќе стручен кадар овој сооднос треба да се 70:30 во корист на стручните училишта.